Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во Анталија против Шумуликоски и Тодоровски

Вардар во Анталија против Шумуликоски и Тодоровски

Вардар во Анталија ќе одигра вкупно шест пријателски натпревари со екипи од пет различни земји. На кои позиции котираат нашите противници во своите лиги можете да прочитате во продолжение на овој текст.

Најпрвин Вардар ќе отвори против тимот на Пахтакор од Узбекистан. Тимот на Пахтакор во узбегистанска лига заврши како третопласиран со единаесет бодови заостанување зад лидерот и шампион тимот на Локомотив Ташкент. Дуелот на Вардар и Пахтакор ќе биде одигран на 20.01.

Вториот противник ќе биде тимот на Берое од соседна Бугарија. Бугарскиот тим игра добро оваа сезона, на зимска пауза Берое замина како четвртопласиран тим. Дуелот со бугарите предвидено е да биде одигран на 23.01.

Третиот противник е тимот на Черноморец Одеса од Украина. Черноморец oваа сезона игра лошо во украинската прва лига. По 19. одиграни рунди овој тим се наоѓа на десеттата позиција на табелата од дванаесет екипи. Би требало и на овој дуел нашиот Вардар да биде апсолутен фаворит за победа.

Четвртиот противник доаѓа од Полска. Станува збор за уште еден прволигаш, неговото име е Залгебје Лубин. Залгебје оваа полусезона бележи одлични резултати, се наоѓа на високото петто место на табелата со освоени 32. бодови или само минус шест зад водечката Легија. Во овој тим настапува и некогашниот македонски репрезентативец Александар Тодоровски кој сезонава има одиграно пет првенствени натпревари.

todorovski

Претпоследниот тест Вардар ќе го одигра против тимот на Словачко од Чешка. Овој тим игра катастрофално, се наоѓа на 14. место во својата лига со само две победи на 16. одиграни натпревари. Во тимот на Словачко настапува уште еден македонски ветеран, се работи за Величе Шумуликоски. Шумуликоски е легенда на овој тим, досега има одиграно 105. натпревари и постигнато 7. голови. Ќе биде интересен овој дуел кој ќе биде одигран на 03.02.

ffsddfs

Последниот противник во Анталија ќе биде тимот на Дукла Прага исто така од Чешка. Дукла Прага исто како и Словачко, игра лошо сезонава, се наоѓа на 10. позиција на табелата со освоени 19. бодови. Дуелот на овие две екипи е закажан да биде одигран на 04.02, ден пред заминувањето.