Вардаровата генерација родени “2009“ година ја имаат својата дебитанска сезона во детската лига. Поранешниот играч на ФК Вардар, Златко Таневски исто така е дебитант како тренер на оваа генерација, а се натпреварува со две екипи. Вардар (1) одигра осум натпревари, на кои забележа пет победи, два нерешени резултати и само еден пораз и тоа во последното есенско коло од екипата на Куманово. Овој состав на Вардар успеа да постигне 34 голови, додека прими 17 погодоци во својата мрежа.
Сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната во детската лига:
1 коло: Вардар – Башкими 5:0
2 коло: Вардар – Њу Старс 4:1
3 коло: Вардар – Фортуна 10:1
4 коло: Вардар – Кул 2:1
5 коло: слободни
6 коло: Вардар – Кул Здравје (2) 4:1
7 коло: Вардар – Вардар (2) 3:3
8 коло: Вардар – Шкупи 5:5
9 коло: Вардар – Куманово 1:5
Вардар (2) имаше послаба полусезона, каде исто така одигра осум натпревари и имаше учинок од две победи, три нерешени резултати и три порази. Постигнавме 21 гол, додека примивме 20 погодоци.
Сите остварени резултати на Вардар (2) во овој дел од натпреварувачката сезона:
1 коло: Вардар – Шкупи 4:1
2 коло: Вардар – Куманово 2:3
3 коло: Вардар – Башкими 1:3
4 коло: Вардар – Њу Старс (2) 2:2
5 коло: Вардар – Фортуна 3:5
6 коло: Вардар – Кул (1) 2:2
7 коло: Вардар – Вардар (1) 3:3
8 коло: Вардар – Кул (2) 4:1
9 коло: слободни.
Најдобар стрелец на оваа генерација е Матеј Крстевски кој има постигнато вкупно 9 голови. Вака изгледа листата на стрелци во генерацијата родени “2009“ година.
1. Матеј Крстевски 9
2. Максим Павловски 7
3. Јаков Стојковски, Марко Петровски по 6 голови
4. Даниел Колевски, Коста Бошковски по 4
5. Николај Наќевски, Давид Колевски по 2
6. Антониј Аџиоски, Андреј Гудов, Павел – Котески- Митровски, Вилијам Ангеловски, Андреј Кралевски, Дави Мирчевски по 1 постигнат гол.
Состав на ФК Вардар генер. “2009“: Бојан Лазаревски ( голман), Јаков Стојковски, Сулејман Качман, Давид Колевски, Антониј Аџиоски, Даниел Колевски, Димитар Ацевски, Николај Наќевски, Давид Мирчевски, Андреј Кралевски, Алек Бабунски, Матеј Крстевски, Вилијам Ангеловски , Павел- Котевски -Митровски, Андреј Гудов, Марко Петровски, Максим Павловски.