На олимпијадата во Токио се во полн ек дел од напреварувањата, поделени се дел од медалите во одредени спортови. Настапија дел и од македонските репрезентативци, еден дојде до сребро, само двајца беа со А-норма на оваа олимпијада, еден од нив е вардаровиот борач Нуров.
Вардарецот денес пристигнува во Токио, нашето момче ќе настапи во категоријата до 97кг слободен стил во борење на 6.август кога се квалификациите, ден по тоа се борбите за медал на кои се надеваме дека ќе блесне. Во последната фаза од подготовките Владивосток со руската селекција.
Македонскиот олимпиец, Могамедгаџи Нуров во осминафиналето на Олимписките игри во Јапонија ќе се сретне со Александар Хуштин од Белорусија.
Ако го помине Хуштин, Нуров во четвртфиналето ќе се бори со победникот од мечот Стин (Канада)-Конједо (Италија), а во полуфиналето го чека „Рускиот тенк“ и најголем фаворит за златниот медал Абдулрашид Садулаев.