Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците победија во гости кај ФК Караорман на „контролка“
Младинците победија во гости кај ФК Караорман на „контролка“

Младинците победија во гости кај ФК Караорман на „контролка“

Младинците на ФК Вардар денес одиграа пријателска средба со тимот на ФК Караорман. На дуелот во Струга ние победивме со 1-2 (0-1).

Вардаровите младинци овој дуел го започнаа со следниот состав: Стојкоски, Јовановски, Крстевски, Мицевски, Давков, Мирков,   Тодоровски, Парталко,  Наумовски, Андрески, Ѓоргиевски.

Првиот дел го добивме со еден гол позитива, на пауза заминавме со минимално водство од 0-1. Имавме две шанси за одбележување во овој период, покрај погодокот кој го постигнавме.  Најпрвин Антонио Мирков одлично изведе слободен удар нафрли опасно топката дојде до Ерен Парталко кој биеше со глава неодбранливо за 0-1.  Мицевски имаше удар кој заврши во гредата, а Мирков постигна и гол за удвојување на предноста, но поради недозволена ситуција беше поништен.

Вториот дел започна со изедначување на Караорман кој стрелаше за резултатска симетрија 1-1. Црвено-црните младинци тргнаа во офанзива со цел да ја вратат предноста и успеаа во тоа. Денес одличниот Мирков Антонио ја награди својата добра игра со победоносен гол. Тој ги постави конечните 1-2.  Треба да напоменеме дека создадовме и неколку шанси за поголема разлика кои не ги претворивме во гол.

Во игра влегоа во вториот дел: Јовчев и Поповски.