Дуелот кој повеќе наликувал на првенствен, а не на пријателски, со неколку жолти картони и едно исклучување, во завршницата се прекина. После еден старт на средина на теренот, се случила мешаница со повече играчи од Вардар и Победа, реагирала бурно и домашната публика. За Вардар гол даде Стојковски во 30.минута, домаќините по само пет минути израмниа преку Анѓелески. Играчот на домашните успешно изведе еден слободен удар, и ги постави конечните 1-1.