Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: Нуров на ЕП со технички туш победи во репасажот и обезбеди дуел за бронза, по истиот заврши на 5.место (ВИДЕО)
Борење: Нуров на ЕП со технички туш  победи во репасажот и обезбеди дуел за бронза, по истиот заврши на 5.место (ВИДЕО)
Нуров М.

Борење: Нуров на ЕП со технички туш победи во репасажот и обезбеди дуел за бронза, по истиот заврши на 5.место (ВИДЕО)

Вардаровиот борач Могамедгаџи Нуров (97 кг) беше поразен со  0-4 во борбата за бронзениот медал на Европското првенство во борење слободен стил во Касписк, Русија. Црвено-црниот борач имаше најдобар пласман од македонците кои учестуваа на ЕП.

nur2

Нуров иако беше повторно близу до медал, бронзен на крајот  го освои петото место во вкупниот пласман. Тој во клучниот меч беше поразен од Азербејџанецот, Нурмагомед Гаџиев. Нуров по втор пат не успева да се врати со медал од европските првенства, иако беше многу близу.  Тој во репасажот со технички туш (11-0) го совлада Германецот, Генади Чудинович  со што го обезбеди дуелот за “бронза“. Оваа убедлива партија и победа со високи 11-0 погледнете ја на видеото подолу. Нашиот борач претходно во четвртфиналето беше поразен од Александар Хуштин (Белорусија) со 2-6.