Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) Давид Димевски е најдобар стрелец и МВП на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата, додека Никола Спасовски е најдобриот голман
(ФОТО) Давид Димевски е најдобар стрелец и МВП на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата, додека Никола Спасовски е најдобриот голман

(ФОТО) Давид Димевски е најдобар стрелец и МВП на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата, додека Никола Спасовски е најдобриот голман

31958356_10211968407947738_8794364619993907200_n

Екипата на РК Илинден е старо-новиот освојувач на “Јуниор“ лигата, кај генерацијата родени “2004/05“ година. Избраниците на Дарко Јанев успеаа во големото финале да го победат тимот на Карпош од Куманово и на тој начин да му вратат за поразот во финалниот дуел, на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Екипата на Илинден доминира последниве три години во “Јуниор“ лигата во оваа возрасна генерација, а својот квалитет го потврди и на Ф4 кој се одигра изминатиов викенд. Третото место му припадна на тимот на Ангели, додека четвртото место е за Урдаревски. По одигрување на завршните мечеви, покрај медалите и трофеите се доделуваа и поединечни награди за најдобар стрелец, голман и за МВП на Ф4 турнирот.

vardarfans-dimevski-strelec

Најдобриот играч во редовите на Карпош, Давид Димевски заслужено доби признание за најдобар стрелец и за МВП на завршниот турнир. Тој во големото финале постигна дури 11 од вкупно 17 голови на неговиот тим против Илинден. Вистински предводник на екипата, но без голема поддршка од останатите соиграчи во финалниот дуел.

vardarfans-dimevski-mvp

Признанието за најдобар голман заврши во рацете на Никола Спасовски од шампионската екипа на Илинден. Спасовски кој инаку е дел од пионерската селекција на Вардар беше еден од најзаслужните за високата предност која ја имаше Илинден во текот на првото полувреме против Карпош, разлика која на крајот се покажа како решавачка за триумфот во финалето.

vardarfans-spasovski