Вуко Борозан игра одлична сезона во дресот на Вардар и моментално е втор најдобар стрелец за својот тим во Лигата на Шампионите. “Бомбардерот“ на црвено-црните има постигнато 65 голови, или само три помалку од најдобриот стрелец кај Вардар, тоа е Тимур Дибиров.
Борозан се најде во изборот на ЕХФ за најдобриот тим во Лигата на Шампионите, на позицијата лев бек. Негова конкуренција за ова признание ќе бидат Јурецки ( Киелце), Лауге ( Фленсбург), Олсон (Скјерн) и Сагосен ( ПСЖ). Погледнете го видеото со изборот за најдобрите играчи на оваа позиција, на линкот, ТУКА.
За Вуко Борозан и останатите ракометари на Вардар, можете да гласате на линкот, ТУКА.