Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТОГАЛЕРИЈА) Доделување на медалите и трофеите за најдобрите екипи на завршните турнири во “Јуниор“ лигата, по што ги дознавме првите победници за оваа сезона
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Доделување на медалите и трофеите за најдобрите екипи на завршните турнири во “Јуниор“ лигата, по што ги дознавме првите победници за оваа сезона

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Доделување на медалите и трофеите за најдобрите екипи на завршните турнири во “Јуниор“ лигата, по што ги дознавме првите победници за оваа сезона

Изминатиов викенд во спортскиот рекреативен центар Кале се одиграа завршните турнири во “Јуниор“ лигата, во две возрасни возрасни генерации. Познати се победниците во машкиот и женскиот дел, кај генерацијата родени 2004/05 година. Кај машките првото место му припадна на РК Илинден кој во големото финале го победи тимот на Карпош од Куманово, додека во борбата за третото место, екипата на Ангели беше подобра од тимот на Урдарески. Во женскиот дел, златниот медал заврши кај екипата на Кале од Кичево, која по голема борба во големото финале беше поуспешна од екипата на Делчево, додека третото место му припадна на РК Вардар-Виница која беше подобра од Опш.Кисела Вода. Кај генерацијата родени 2006/07 година исто така го дознавме победникот, а тоа е екипата на Кале од Кичево, која триумфираше и во оваа воззрасна категорија, со што ја потврди својата доминација на Ф4 турнирот. Во финалето беа подобри од Делчево. Третото место е за Опш.Кисела Вода која беше подобра од РК Ново Лисиче. По одигрување на финалните натпревари се доделуваа трофеите и медалите за најдобрите екипи. Истите ги доделуваа, Индира Кастратовиќ, Алексеј Растворцев, Марија Папуџиева, потоа ракометарките на Вардар, Јована Мицевска и Леонида Гичевска и членовите на Вардар Јуниор, тоа се Стефан Трпчевски и Никола Кизиќ.

Погледнете ја фотогалеријата од завршната церемонија, на доделување на медалите и трофеите.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39