Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар во текот на утрешниот ден ќе се бори за пласман на завршниот турнир, во купот на Македонија
РК Вардар во текот на утрешниот ден ќе се бори за пласман на завршниот турнир, во купот на Македонија

РК Вардар во текот на утрешниот ден ќе се бори за пласман на завршниот турнир, во купот на Македонија

Нема многу одмор за нашиот ракометен шампион, кој утре во малата сала на С.Ц. Јане Сандански ја игра четвртфиналната група од купот на Македонија. Со почеток од 11:00 часот, црвено-црните за противник го имаат тимот на Металург 2, додека во вториот дуел од оваа група се среќаваат екипите на ГРК Борец и Металург Јуниор. Победниците од овие натпревари ќе играт во финалниот натпревар, кој на програмата е исто така во текот на утрешниот ден, а почетокот на мечот е закажан за 18:00 часот во истата сала.

Вардар е голем фаворит не само за пласман на завршниот турнир, туку и за освојување на купот. Да потсетиме дека избраниците на Гонзалез се актуелни освојувачи на ова натпреварување.