Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар Јуниор се вицешампиони на Македонија, повозрасниот тим на Металург славеше во големото финале
Младинките на Вардар Јуниор се вицешампиони на Македонија, повозрасниот тим на Металург славеше во големото финале

Младинките на Вардар Јуниор се вицешампиони на Македонија, повозрасниот тим на Металург славеше во големото финале

Младинките на Металург се шампионки на Македонија, откако вечерва во спортската сала во населбата Автокоманда беа подобри од екипата на Вардар Јуниор.

Вардарки кои се генерациски помлади од Металург немаа сили да се надигруваат со екипата на Металург, која на Вардар му се спротивстави со состав со кој се натпреварува во најсилната супер лига. После почетната предност на домашниот тим, Вардар врати со два гола во серија на Коловска и Софтовска, со кои поведовме со 1:2. Ова беше единственото водство на мечот за избраничките на Драгана Ристова. Металург ја превзеде иницијативата и набргу врати со серија од 3:0 и со погодоците на Граматова и Гајиќ да стигне до водство од 4:2. За момент намали Вардар на 4:3, но следеше нова серија од погодоци за противникот од 5:0, од кои неколку беа преку брзи контра-напади, за веќе да имаат солидно водство од 9:3. Дефинитивно се одрази разликата во возраста на теренот, а нашите младинки играа и без својот најдобар играч, Андреа Седлоска која поради повреда не беше во можност да му помогне на својот тим на овој завршен турнир. Вардар воспоставуваше некаква резултатска рамнотежа до резултат 10:5, кога домаќинот сврза четири последователни погодоци и зголемија на 14:5. До крајот на првото полувреме стигна и двоцифрената предност за Металург, кој поведе и со 20:8, но Вардар до истекот на првите 30 минути намали на 21:10.

vardarfans-tekst-2

Првиот гол во второто полувреме го постигна Вардар за да го намали резултатот на 21:11. Гледавме период од десет минути кога се играше гол за гол на двете страни, а Металург ја одржуваше двоцифрената предност на семафорот. Десет голови предност, противникот имаше и при резултат 30:20, за во последните седум минути од мечот да направат серија од 7:2 и да го приведат финалето, со конечен резултат од 37:22.

Најефиаксна во редовите на Вардар беше Стефанија Софтовска која постигна 6 голови.

Вардар Јуниор: Трајкоска, Гроздановска, Дамјановска 1, Гонзалез, Ѓорѓиевска 3, Донева, Петковска, Грујовска, Софтовска 6, Наскоска, Џатевска 2, Костовиќ 2, Миновска, Коларовска 4, Јаковчевска 2, Талевска 2. 

vardarfans-tekst

Секако ова е голем успех за оваа генерација на Вардар, која минатата сезона стана шампион во пионерската лига, а оваа сезона се натпреварува во кадетската и младинската лига. Третото место му припадна на Вардар кој е предводен од Анжела Платон, додека четвртото место го освои екипата на Кичево.