Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со триумфот против Њу Старс, генерацијата “2003“ на ФК Вардар е многу блиску до шампионската титула
Со триумфот против Њу Старс, генерацијата “2003“ на ФК Вардар е многу блиску до шампионската титула

Со триумфот против Њу Старс, генерацијата “2003“ на ФК Вардар е многу блиску до шампионската титула

Вардаровата генерација родени “2003“ година стигнаа до важна победа во рамките на регионалната-скопска лига. Избраниците на Чунга Лунга гостуваа денес во Ѓорче, на екипата на Њу Старс, која ја совладаа со резултат 1:3.

Вардар: Стојковски, Маркоски, Трпезановски, Сељанац, Јовановски, Давидовски, В. Стојановски, Алими, Мирков, Андрески, Г.Стојановски.

По првото полувреме, црвено-црните имаа минимално водство од 0:1 со погодокот на Харун Алими, кој со удар од 16 метри ја затресе противничката мрежа, резултат со кој се замина на одмор. Во вториот дел, домашниот тим успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Сепак ова не ги обезхраби вардарци, кои тргнаа офанзивно кон голот на Њу Старс. Иницијативата даде резултат кога во противничкиот шеснаесетник беше фаулиран Антонио Мирков, по што главниот судија оправдано покажа на белата точка. Одговорноста ја превзеде токму Мирков, кој прецизно бие од 11 метри и повторно го враќа водството на Вардар од 1:2. Точка на овој натпревар за три бодови на Вардар стави, Алек Сељанац, кој со лоб удар од 16 метри го измами голманот на Њу Старс и го зголеми резултатот на 1:3, кој беше и конечен на овој дуел.

Во игра влегоа уште Тасески, Исмаили, Петковски и Петрушевски.