Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Бронза за младинките на ЖРК Вардар на завршниот Ф4
Бронза за младинките на ЖРК Вардар на завршниот Ф4

Бронза за младинките на ЖРК Вардар на завршниот Ф4

Денес во салата “Автокоманда“ се игра Ф4 завршниот турнир во женска младинска конкуренција, во дуелот за “бронза“ свое учество имаа младинките на Вардар. Тие во “малото финале“ дојдоа до победа и обезбедија бронза, со резултат 29-22 (14-11) тие го совладаа тимот на Кичево 10.

Дуелот почна со по два гола на двете страни и почетни 2-2. Потоа црвено-црните девојки на Платон и Кузмановска влегоа во серија и поведоа со 5-2. Тимот од Кичево успеаа да се врати во продолжение и изедначи на 6-6.  Сепак нашите младинки заиграа на ниво и со серија 5-1 се одлепија на плус четири, 11-7. Од тогаш па се до крајот на првиот дел ние ја контолиравме средбата. На одмор заминавме со позитива од три гола, на семафорот стоеше 14-11 во наша корист.

Вториот дел почна со одлични 3-0 на стартот за нас па отидовме на 17-11 по само три минути ракомет во ова мало финале.  Тие шест позитива успеавме да ги зачуваме се до крајот. Во последната минута влеговме со плус шет позитива,28-22.  Со голот на Паланковска Тамара го поставивме конечниот резултат 29-22. Со истиот дојдовме до “бронза“ што е одличен пласман за нашиот младински тим оваа сезона во единствената женска лига.

Вардар: Бабунска, Софковска, Пешиќ, Коцеска Борјана 2, Неловска 3,  Сандева,  Коловска 2, Величковска, Паланковска 4, Алушевска, Стојчевска 3, Ивановска 4, Костадиновска, Гоцевска 5, Ангеловска 5, Коцевска Бојана.