Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кале од Кичево е шампион во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05, третото место е за тимот на РК Вардар-Виница
Кале од Кичево е шампион во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05, третото место е за тимот на РК Вардар-Виница

Кале од Кичево е шампион во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05, третото место е за тимот на РК Вардар-Виница

Денес на Кале се одиграа завршните натпревари во женскиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генерацијата родени 2004/05 година. Првото место е за екипата на Кале-Кичево, додека третото место му припадна на РК Вардар-Виница.

Во големото финале се сретнаа екипите на Делчево-Вардар и Кале-Кичево. По првото полувреме не видовме многу голови и на одмор се замина со минимално водство на девојките од Кичево, со резултат 6:7. Првиот гол на натпреварот беше постигнат дури во 5 минута а истиот беше дело на Делчево, кој го отвори резултатот. Следуваше и втор гол во мрежата на Кале-Кичево, за екипата на Делчево да има водство и од 2:0. Се разбуди тимот на РК Кале, кој првиот гол го постигна во 6 минута од дуелот за да намали, а веднаш после тоа следуваше и гол на Сара Стефаноска, за резултатот по 9 минути игра да биде израмнет на 2:2. Во следните пет минути се играше гол за гол, се до моментот кога избраничките на Горан Велков повторно стигнаа до два гола разлика (6:4). Сепак до крајот на првиот дел, следи резултатски пресврт, односно Кале-Кичево со серија од 0:3 ма полувреме стигна до водство од 6:7, кое беше за нив прво на овој дуел, а голот беше дело на Стефаноска Сара.

31944901_1674915005888672_1526012488838021120_n

Серијата продолжи и во вториот дел, кога Кале-Кичево ги постигна првите два гола во овој дел од дуелот и имаа највисоки три гола разлика (6:9) во 26 минута од дуелот, а Делчево како да заборави да постигнува голови. Конечно по десет минути игра во второто полувреме, погодок и за Делчево кој го намали резултатот на 7:9. Кале беше подобрата екипа во овој дел од натпреварот и на шест минути пред крајот имаше и највисоки четири головир азлика (8:12). Возбудувања на Кале и резултатска неизвесност донесе екипата на Делчево, која на три минути пред крајот ннамали на само еден гол негатива (12:13).  Сепак на крајот победа слави екипата на Кале од Кичев, со конечен резултат од 13:14.

 Во мечот за бронза победа и третто место освои екипата на РК Виница Вардар, тие во “малото финале“ ја совладаа минимално екипата на РК Опш. Кисела Вода Вардар од Скопје со резултат 13-12 (7-6). Почетокот беше израмнет двата тима постигнаа по еден гол за почетни 1-1. Првиот дел беше постојано изедначен, едниот тим поведуваше со гол предност другиот изедначуваше, на семафорот стоеше (2-2,3-3, 4-4, 5-5 и на крајот 6-6). Во последниот напад девојките од Виница постигнаа гол и со минимално водство 7-6 заминаа на одмор.

1

Вториот дел почна со гол за девојките од Виница кои поведоа со 8-6, но скопските ракометарки со два последователни гола успеаа да ја вратат резултатската симетрија и изедначија на 8-8.  Тимот на Виница ја сакаше повеќе победата па заигра поангажирано, тие успеаа да се одлепат на плус три, со резултат 13-10 влеговме во последните 3.минути. Кисела Вода во финишот притисна, но само успеа да го ублажи поразот и да биде совладана со резултат 13-12.

2