Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар испушти победа во Тетово, поклон пенал за Ренова и 1:1
Вардар испушти победа во Тетово, поклон пенал за Ренова и 1:1

Вардар испушти победа во Тетово, поклон пенал за Ренова и 1:1

Тимот на Вардар само со еден бод се враќа од Тетово. Попладнево “црвено – црните” имаа све во свој раце, водеа се до 89. минута кога Битанг направи пенал. Тоа умешно го искористи Нафиу за 1:1 и конечен резултат од овој дуел. Голот за Вардар на овој натпревар го постигна Тигран Барсегјан во 76. минута од дуелот. Нашиот напаѓач доби една добра топка од Брдаровски, биеше од 15-сетина метри крајно прецизно во долниот десен агол од голот на противничкиот голман за 0:1. Вардар уште повеќе може да жали бидејќи некаде околу 80. минута Дејан Блажевски ја погоди само пречката од голот на противникот, иако Вардар имаше изгледна шанса да дојде до 0:2 и точка на дуелот.

Вардар дуелот го започна со следните 11-мина: Филип Гачевски, Тодороски, Евгениј Новак, Горан Попов, Дарко Глишиќ, Вања Марковиќ, Никола Глигоров, Владица Брдаровски, Кларенс Битанг, Бесар Исени и Тигран Барсегјан. Во игра влегоа уште Максимов, Попзлатанов и Блажевски.

Во следното коло, Вардар на домашен терен го пречекува битолски Пелистер.