Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: Вардарецот Нуров ќе настапи во 1/4-финалето на ЕП во Русија
Борење: Вардарецот  Нуров ќе настапи во 1/4-финалето на ЕП во Русија

Борење: Вардарецот Нуров ќе настапи во 1/4-финалето на ЕП во Русија

На  Европското сениорско првенство во борење кое се одржува во  Русија, (Каспијск 1-7 мај. 2018) македонски претставници се: 61кг Сејфулаху, 92кг Савев и  вардарецот 97кг Нуров.

По ждрепката познати се ривалите на нашето црвено-црно момче. Иако на прв поглед изгледа дека нашиот репрезентативец има поволна жребка и директно се пласира во 1/4 финалето, напротив, многу сериозни и силни соперници, прво во четвртфиналето ќе го очекува победникот помеѓу Белорусот ХУШТИН и Германецот ЦУДИНОВИЧ. Доколку и победи во 1/4 финалето, понатака во полуфиналето  би го имал најперспективниот Азербејџански борач  Нурмагомед ГАЏИЕВ. Нуров денес претпладне ќе ја бие четвртифиналната битка.