Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: Нуров првак на Државното изборно првенство
Борење: Нуров првак на Државното изборно првенство

Борење: Нуров првак на Државното изборно првенство

Викендов се одржа во Скопје изборното државно првенство во борење за сениори. Свое учество имаше вардарецот и освојувач на олимписката норма за Олимпијадата  во Токио, обезбедена со бронзата од Светското првенство, Могамедгаџи Нуров со неговиот ментор Могамед Ибрагимов.

Во категоријата до 125 килограми 125 кг, нашиот Могамедгаџи Нуров ( БК Вардар) стана првак, сосема очекувано на доминантен начин. Тој треба да напоменеме дека пред Нова година мина подготовки со Гајдаров во Сочи каде ја подигна својата форма до максимум.