Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Никола Глигоров се враќа во Вардар, како тренер во Академијата
Никола Глигоров се враќа во Вардар, како тренер во Академијата

Никола Глигоров се враќа во Вардар, како тренер во Академијата

Од вчера со тренинзи стартуваше младинската школа на фудбалскиот клуб Вардар и на тој начин означи старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Новитет во Академијата на Вардар се доаѓањето на нови два тренери кои ќе работат со генерациите 2009 и 2003. Во клубот повторно се враќа Никола Глигоров, но сега како тренер во младинската школа. Поранешниот играч на Вардар кој има преку 200 настапи за црвено-црниот дрес, во пролетниот дел ќе биде предводник на генерацијата 2009, додека Игор Кралевски кој во есенскиот дел работеше со оваа генерација, ќе биде нов тренер на генерацијата 2010, место кое остана испразнето после заминувањето на Влатко Колев.

Ново име е и Милан Коцевски, кој ќе биде предводник на пионерската екипа на Вардар. Тој ќе го замени Драган Стефановски-Гаге кој е прекомандуван во тренер на младинскиот состав. Кадетите остануваат под водство на Филип Ивановски, додека Сашо Тодоровски е тренер на помладите пионери.

Освен гореспоменатите промени кај петлињата, кај останатите генерации останува исто. Горан Петрески останува да ја води генерацијата 2007, додека Петар Георгиевски е тренер на генерацијата 2008. Боби Андоновски и во пролетниот дел ќе биде со генерацијата 2011.

Нема промени и кај двете екипи кои се дел од регионалната-скопска лига. Зоран Петковски со генерацијата 2005 и Филип Спасески како предводник на генерација 2006 ќе се обидат на крајот од сезоната да ја освојат двојната круна.

Тренери на голманите остануваат, Мане Манев и Бојан Димковски.