Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Јанковиќ Саша: Дојдов во Вардар за освојување на кугларскиот врв во Македонија
Јанковиќ Саша: Дојдов во Вардар  за освојување на кугларскиот врв во Македонија

Јанковиќ Саша: Дојдов во Вардар за освојување на кугларскиот врв во Македонија

Kако што претходно известивме кугларскиот тим Вардар оваа пролет ќе биде посилен за еден нов играч, станува збор за поранешниот јуниорски репрезентативец Јанковиќ Саша. Новиот играч го дополни нашиот ростер во битката за втората позиција во Македонската кугларска лига и возбудувањата во Купот на Република Македонија. „Новопечениот“ вардарец е квалитетен куглар, тоа го покажа на пријателскиот меч со КК ГТЦ кога имаше втор скор, но  и на   Државното поединечно првенство. Во продолжение Вардар фанс ви носи негова изјава.

sasa

Одлично се адапирав во Вардар, овде владее тимски дух-Јанковиќ

-Веќе третта деценија е дел од македонското куглање, пред Вардар има играно за два други македонски тима. Особено афирмативна е неговата приказна околу јуниорската селекција, каде ги бранел боите на Република Македонија на планетарен собир (Светско првенство) кое се одржа во Словенија 2001 година. 

*Со куглање започнав во далечната 1998 година  во тимот на КК Работнички. Со оглед на моите забележителни успеси бев повикан да настапувам за јуниорската репрезентација на Македонија. Во 2001 год настапував за Македонската јуниорска репрезентација на Светското првенство кое се одржа во Копер, Словенија. Кариерата во куглањето ја продолжив се до 2005 год кога заминав на работа на брод. Повторно во куглањето се вратив во 2010 год кога настапував за екипата на Тутунски комбинат се до 2011 година, но  морав повторно да направам прекин поради работата која не ми дозволоваше активно да се занимавам со куглањето, за да конечно од септември месец 2019 год повторно се вратам во куглањето во екипата на Вардар  каде што сум и денес.

sasa4

Во својата криера ги бранел боите на Македонија на Светско првенство во јуниорска категорија

-Како се адаптираше на Вардар, како му се допаѓа новата средина и со какви амбиции Јанковиќ дојде во црвено-црниот тим ни открива во продолжение:

*Во тимот на Вардар сакав да дојдам зошто мислам дека со моето и искуството на останатите можеме да го донесеме црвено-црниот клуб на врвот на македонското куглање.  Можеби не оваа година, но наредната сигурно. Мора да потенцирам дека одлично се вклопив во оваа средина, во вардаровиот тим  имаме одличен тимски дух и спремни сме за големи дострели како екипа.

-Неговите очекувања за пролетниот дел се доста оптимистични, има желба вардаровиот тим заедно со него да ги оствари целите од пред почетокот на ова сезона. Сребрената позиција во лигата и успех во Купот. За крај Саша вели:

Саша: Очекувам освојување на 2позиција во МКЛ и Купот..

Саша: Очекувам освојување на 2позиција во МКЛ и Купот..

*Во пролетниот дел очекувам добри резултати како мои така и на тимот, работиме со голема желба со цел да дојдеме до успех.  Во продолжението од сезоната 2019/2020 година кое започнва веќе овој викенд,  очекувам освојување на  2-то место во МКЛ  и освојување на треттиот пехар за Вардар во  Купот на Република  Македонија- завршува Јанковиќ.