Во периодот од 24-26.јануари, пионерите на РК Вардар ќе земат учество на младински турнир кој е во организација на КЛ7.
Во генерацијата на играчи кои се родени 2004/05 година ќе се натпреваруваат четири екипи. Вардар, силите ќе ги одмери со екипите на Металург, КЛ7 и Пик Сегед. Веќе е познат и распоредот и термините на одигрување натпревари.
Турнирот ќе го отвориме во петок, со натпревар против екипата на Металург. Овој меч ќе започне од 16:00 часот. Во сабота на програмата не очекуваат останатите два натпревари. Најпрво во утринскиот термин од 09:30 часот ќе одиграме дуел против екипата на Пик Сегед, додека од 18:00 часот ќе се сретнеме со домаќинот на турнирот, КЛ7.
Во недела е последниот натпреварувачки ден, на кој ќе се одигра само еден натпревар. За во 14:00 часот е предвидено доделување на награди за најдобрите екипи. Ситге мечеви на турнирот ќе се одиграат во спортската сала при ОУ „Круме Кепески“ – Архиепископ Доситеј кое се наоѓа во Кисела Вода.