Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Нуров на 8.место на ранг листата на ОБС, бронзата на „Дан Колов“ го вивна во топ-10 борачите во светот
Борење!  Нуров на 8.место на ранг листата на ОБС, бронзата на „Дан Колов“ го вивна во топ-10 борачите во светот

Борење! Нуров на 8.место на ранг листата на ОБС, бронзата на „Дан Колов“ го вивна во топ-10 борачите во светот

Вардаровиот борач, македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров се најде на 8-мото место на ранг листата на најдобрите борачи на Обединетото светско борење (UWW/ОБС) во категоријата до 97 килограми за јуни. Тој најде место во топ-10 борачите во светот во неговата категорија.

nurov

Нуров е единствениот македонски борач во рангирањето на ОБС. Вака добриот пласман тој  го заслужи со бронзениот медал од силниот Меѓународен турнир „Дан Колов“ во соседна Бугарија. Покрај тоа тој на Европското првенство во Нови Сад, Србија дојде до  петтото место, Нуров  беше поразен во борбата за  бронзениот медал. Во неговата категорија најдобар борач е Каел Снајдер од САД, во топ-3 следат  Могамед Ибрагимов (Узбекистан) и  Риза Јилдерим (Турција)