Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Дури единаесет млади кошаркари и три тренери повикани за кампот во Маврово
Кошарка! Дури единаесет млади кошаркари и три тренери повикани за кампот во Маврово

Кошарка! Дури единаесет млади кошаркари и три тренери повикани за кампот во Маврово

Кошаркарска федерација на земјава  и оваа година ќе организира камп за млади кошаркари кој во периодот од 25. јуни до 30. јуни ќе се одржи во Маврово. На овој камп, селектирани се 60 млади кошаркари кои се дел од репрезентациите до 14 односно до 15 години и кои во текот на годината се дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“.И оваа година, координатор на кампот ќе биде американскиот тренер Крис Дајл кој ќе биде придужуван од двајца свои соработници. Комплетната опрема за кошаркарите и за тренерите е обезбедена од страна на МКФ. На списокот се најдоа тројца тренери на Вардар и дури 11 момци.

СПИСОК НА ТРЕНЕРИ:

  1. Никола Данев – Вардар
  2. Александар Јованчев – Вардар
  3. Бранко Андриевски – Вардар

На списокот за млади кошаркарски од надежи генерацијата М-14 се најдоа  четири момци на црвено-црниот кошаркарски тим и  тоа:

  1. Павел Атанасов –Вардар
  2. Дамјан Гацов-Вардар
  3. Тино Богдановски-Вардар
  4. Давид Мицковски-Вардар

Кај момците од М15 повикани се следните седум вардарци:

  1. Стефан Јовановски – Вардар
  2. Лука Савичевич – Вардар
  3. Драго Стојановиќ – Вардар
  4. Бранко Шуменковски – Вардар
  5. Никола Груевски – Вардар
  6. Хусеин Бајрам – Вардар
  7. Матеј Вучевски – Вардар