Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Истите тие утре можат да бидат и предводници на репрезентацијата кои ќе придонесуваат за големи успеси на европските и светски првенства. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Дел од неа е Јована Илиевска, која настапува за РК Делчево, кај генерацијата родени “2002/03“ година.
“Јуниор лигата“ е добар проект кој ни помага да станеме подобри играчи. За поздравување е идејата на ракометниот клуб Вардар да организира лига, во која би се натпреварувале сите школи од цела Македонија. Преку “Јуниор лигата“ се зголемува интересот кај најмладите да започнат да тренираат и играат ракомет. Преку континуираното одигрување на натпревари стекнуваме искуство, кое е многу значајно понатаму во играчката кариера. Покрај напреварувачкиот тука е и пријателскиот карактер на лигата, која ни овозможува да споделуваме нови знаење од ракометната игра и со другите школи.
На завршниот турнир во ова натпреварување, РК Делчево го освои второто место, каде во финалето беше поразен од РК Шампион. Во финалниот меч, Јована беше најдобар стрелец кај Делчево.
-На завршниот турнир го освоивме второто место, направивме големи грешки и бевме многу изморени од претходните натпревари во тој ден. Бевме фаворити до самиот крај во “Јуниор лигата“ и на крај завршивме на високата втора позиција. Имав голем придонес во резултатите на екипата и секогаш бев во првите стрелци на натпреварите на мојот тим, но тоа го постигнав со помош на мојата екипа и тренерот Горан Велков, од кој многу учиме и напредуваме.
Звонко Ивановски