Викендов се одигра одбојкарското дерби меѓу екипите на OK Вардар и тимот на ОК Весна од Пробиштип. Сепак овој дуел не го дочека својот крај откако гостите при водство на црвено-црниот одбојкарски колектив го напуштија дуелот.
На почетокот од дуелот екипата на ОК Весна дојде до почетно водство, тие по првиот одигран сет поведоа со 0-1, во еден интересен и резултатски неизвесен сет тие поенираа со 25-27. Нашите момци се вратија по овој сет во игра и покрај повредата на Клопчески, па во наредните два покажаа квалитет и најпрвин со 25-22 во вториот сет изедначија на 1-1, потоа во третиот со “плус шест“, 25-19 направија пресврт и поведоа со 2-1. Во четвртиот сет нашите момци влегоа исто така одлично беа на чекор до победа со целосен пресврт, но противникот поради незадоволство реши да го прекине и да напуши мечот. Поради тоа ние победивме со 3-0 службено во овој дуел.