Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар шампионот КК Макпетрол го пречекува в четврток
Куглање: Вардар шампионот КК Макпетрол го пречекува в четврток

Куглање: Вардар шампионот КК Макпетрол го пречекува в четврток

Викендов на програмата во Македонската кугларска лига беше претпоследното, 14.коло од домашниот шампионат.  Во истото требаше да се одигра дуелот помеѓу КК Вардар како домаќин и екипата на шампионот, КК Макпетрол како гостин. Натпреварот по договор на двете екипи беше одложен, а истиот доби нов термин на одигрување.

Мечот помеѓу лидерот на табелата, тимот на “пумпашите“ и нашиот црвено-цен колектив кој влегува како второпласиран во овој дуел  ќе се игра во четврток, 22.март. Натпреварот во кугланата “ВИП“ при С.Ц “Борис Трајковски“ -Скопје ќе почне во 17-00 часот.