Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар Јуниор одат на 3/3 оваа пролет, утре в “Кале“ гостува ЖРК Гевгелија
Младинките на Вардар Јуниор одат на 3/3 оваа пролет, утре в “Кале“ гостува ЖРК Гевгелија

Младинките на Вардар Јуниор одат на 3/3 оваа пролет, утре в “Кале“ гостува ЖРК Гевгелија

Викендов на програмата во младинската женска ракометна лига беше треттото пролетно коло, во истото младинките на женскиот ракометен  клуб Вардар Јуниор требаше да бидат домаќини на екипата на ЖРК Гевгелија, но тој дуел беше одложен. Натпреварот доби нов термин на одигрување, утре, вторник 20-ти март.

Девојките на Драгана Ристова- Пецевска утре ќе ги печекаат гевгеличанки во Спортскиот центар “Кале“ во Скопје, натпреварот ќе се игра со почеток во 17 часот и 30 минути. Девојките на Ристова одлично отворија оваа пролет во двата први дуели дојдоа до две победи. Најпрвин во првото пролетно коло во “сестринското“ дерби ја совладаа екипата на ЖРК Вардар во еден интересен дуел на “Кале“ со резултат 32-29. Во второто коло гостуваа кај тимот на РК Кузман Вардар, на натпреварот кој се одигра во салата “Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден црвено-црните дами триумфираа со резултат 19-35.

Нашите ракометни надежи, утре  ќе атакуваат на нова, третта победа утре што е сосема очекувано поради нивниот квалитет и одличната работа на нивниот ментор Драгана Ристова која создаде една компактна екипа. Во првиот есенски дуел одигран на почетокот од ноември во Гевгелија победивме со високи 9:36 (4-20).