Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Пенезиќ по трет пат во дресот на Вардар ќе се бори за признанието најдобар стрелец во Лигата на Шампионите
Андреа Пенезиќ по трет пат во дресот на Вардар ќе се бори за признанието најдобар стрелец во Лигата на Шампионите

Андреа Пенезиќ по трет пат во дресот на Вардар ќе се бори за признанието најдобар стрелец во Лигата на Шампионите

Во моментов се наоѓаме на пауза во женската лига на шампионите, пред одигрување на четвртфинаните мечеви, на кои осум екипи ќе се борат за пласман на завршниот турнир во Будимпешта. Меѓу нив е и тимот на Вардар, кој во 1/4 за противник го доби Митјиланд, кој ќе биде последна пречка за нашите девојки до Ф4.

Има уште еден интересен податок поврзан со составот на Вардар, односно со левиот бек, Андреа Пенезиќ, која до крајот на оваа сезона има можност повторно да се бори за приматот најдобар стрелец во Лигата на Шампионите по завршување на натпреварувачката сеона. Моментално Пенезиќ се наоѓа на петтото место на листата на најефикасни играчи во најголемото натпреварување, со вкупно 75 постигнати голови. Првото место се уште го држи Ивета Лузумова (105 голови) од екипата на Турингер, која веќе ги заврши настапите во главната рунда, со што репрезентативката на Чешка ќе остане со овој број на погодоци до крајот на сезоната. Втората позиција ја држи, Кристина Неагу од ЦСМ Букурешт, ракометарката која има најголеми шанси да ја нападне првата позиција, со оглед дека досега постигна 83 голови. На третото и четвртото место со идентичен број, или по 76 голови, се наоѓаат Кристиансен од Митјиланд и Вестберг од Никобинг, која исто така ги заврши настапите во ЛШ. Вардар е голем фаворит во дуелот со скандинавките и се очекува црвено-црните да излезат како подобри во овој двомеч со Митјиланд, па така се поголема веројатноста е и Кристиансен да падне на оваа листа на стрелци.

vardarfans-tekst

Само да потсетиме дека Пенезиќ веќе на два пати се има закитено со признанието најдобар стрелец во ЛШ. Прв пат се случи во првата сезона кога пристигна на Вардар, односно во сезоната 2014/15 кога токму со Неагу ја поделија оваа награда, со оглед дека имаа ист број на погодоци, или вкупно 102 голови зад нивните имиња. И минатата сезона во која Вардар загуби во финалето од Ѓер, Пенезиќ ја заврши како најефикасен играч во ЛШ, постигнувајќи 98 голови, откако зад себе ја остави Изабел Гулден.

Дали до крајот Пенезиќ може да ја надмине бројката на Лузумова останува да видиме, а најголем конкурент за врвот повторно ќе и биде Кристина Неагу која има седум голови повеќе од Пенезиќ, но ЦСМ Букурешт има сериозна пречка во следната елиминациска рунда, а тоа е екипата на Мец, која ја има најдобрата одбрана во ЛШ. Ние пред се, се надеваме дека Вардар ќе ја освои Европската титула, која е многу поважна од можноста Пенезиќ да биде најдобар стрелец, иако реално е ако Пенка сака да го достигне врвот на најдобри стрелци, се поверојатно е дека и Вардар би ја освоил Лигата на Шампионите.