Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до првиот пролетен триумф во првенството. Во саботата на теренот во населбата Јане Сандански, избраниците на Влатко Колев убедливо ја совладаа екипата на Победа од Прилеп. Конечниот резултат гласеше 5:0, а два од головите постигна Марио Илиевски, кој за нашиот сајт истакна дека со овие три бодови продолжува борбата за титулата во првенството.
-Задоволни сме од победата, со нашата игра покажавме дека сме подобар противник на теренот.Во првото полувреме потфрливме во играта, сепак во второто полувреме се координиравме и успеавме да ги постигнеме потребните погодоци. Со овој триумф покажавме дека не е завршена борбата за титулата во првенството. Среќен и задоволен сум што со моите два постигнати гола придонесов за победа на мојата екипа, се надевам дека ќе пролжиме вака и ќе си ги зголемиме шансите за титула на крајот од сезоната.
Звонко Ивановски