Спортскиот директор на РК Вардар и селектор на ракометната сениорска репрезентација на Русија, Едуард Кокшаров, го објави списокот на репрезентативци за подготовките во Скопје во неделата на ЕХФ. За време на овие подготовки ( 1-9.април) момците од “зборнаја“ ќе одиграат и еден тест-дуел со репрезентацијата на Македонија.
На списокот на селекторот Кокшаров се најдоа и двајцата ракометари на Вардар, руските крила Тимур Дибиров и Данил Шишкарев. Гостувањето во Скопје за време на неделата на ЕХФ е дел од подготовките пред јунскиот бараж за Светското првенство во 2019. Црвено-жолтите избраници на Раул Гонзалес ги очекува двомеч со селекцијата на Романија, апак Русија за настап на едно големо првенство по неучеството на ЕП во Хрватска ќе мора да ја мине селекцијата на Чешка.