Wednesday ,13 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка: Вардар ќе игра во ЦЕВ Челинџ купот, по една деценија пауза мак.клуб на европска сцена
Одбојка: Вардар ќе игра во ЦЕВ Челинџ купот, по една деценија пауза мак.клуб на европска сцена

Одбојка: Вардар ќе игра во ЦЕВ Челинџ купот, по една деценија пауза мак.клуб на европска сцена

Оваа година може да кажеме дека е  историска за македонската машка одбојка. Најпрвин  де очекува деби настап на националниот селекција  на едно големо натпреварување, тоа е Европското првенство во септември. Исто така по деценија пауза  повторно ќе имаме машки клупски претставник во европските клупски купови.

Одбојкарскиот клуб Вардар, кој во лигата заврши како  третопласираниот тим  ја искористи шансата (бидејќи   шампионот Џио Струмица и финалистот Шутова не пројавија интерес) и пријави учество во ЦЕВ Челинџ купот за сезоната 2019/2020. Македонија имала претставник во ЦЕВ клупските купови во сезоната 2008/2009, кога тогашниот шампион Работнички се натпреваруваше во Челинџ купот.