Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Генерацијата 2006 на ФК Вардар од четврт обид успеа да стане Шампион на Македонија
Генерацијата 2006 на ФК Вардар од четврт обид успеа да стане Шампион на Македонија

Генерацијата 2006 на ФК Вардар од четврт обид успеа да стане Шампион на Македонија

Генерацијата 2006 на фудбалскиот клуб Вардар успеа во својот четврт обид да стане шампион на Македонија и на тој начин да ја искористи последната можност да ја освои детската лига. Тоа им успеа на нашите млади надежи, кои во третото свое финале успеаа да ја победата екипата на Албарса и делумно да им се „одмаздат“ за претходните две изгубени финалиња. Филип Спасески е тренерот кој успеа да го „скрши“ малерот со оваа генерација и да ја донесе на шампионските патеки. Тој воедно беше и дебитант тренер во Академијата на ФК Вардар. Спасески внесе новитети во играта на оваа генерација, па на крајот се радуваше на трофејот.

478

Интересен беше патот до врвот за оваа генерација, која мораше во елиминацискиот дел да одигра меѓусебен дуел со двете свои екипи, додека победникот беше решен дури по изведување на удари од белата точка. Вардар (1) одигра вкупно 25 натпревари, на кои забележа 23 победи и само 2 порази и тоа во дуелите со екипата на Албарса, но во регуларниот дел од сезоната, додека најважниот меч со овој противник го добивме во наша корист, токму во големото финале. Оваа екипа на Вардар успеа да постигне 154 голови, додека прими 20

634-660x330

Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) за оваа натпреварувачка сезона: 

1 коло: Вардар – Форца (1) 5:0

2 коло: Вардар – Албарса (1) 1:4

3 коло: Вардар – Фљамуртари 15:1

4 коло: Вардар – Работнички (1) 5:0

5 коло: Вардар – Албион 3:1

6 коло: Вардар – Њу Старс (1) 9:0

7 коло: Вардар – Куманово 5:1

8 коло: Вардар – Шкупи 8:0

9 коло: Вардар – Кул 3:0

10 коло: Вардар – Њу Старс (3) 12:1

11 коло: Вардар – Работнички (1)  3:1

12 коло: Вардар – Форца (1)  10:0

377

13 коло: Вардар – Албарса (1)  1:2

14 коло: Вардар – Кул  5:0

15 коло: Вардар – Фљамуртари  8:0

16 коло: Вардар – Албион  1:2

17 коло: Вардар – Њу Старс (3)  14:0

18 коло: Вардар – Шкупи  3:1

19 коло: Вардар – Њу Старс (1)  7:0

20 коло: Вардар – Куманово  8:1

До пласман на завршниот турнир Вардар (1) мораше да помине само една пречка, а тоа беше токму „братскиот“ Вардар (2) кој напоменавме дека го совладаа дури по изведувањето на пенали.

Плеј-оф разигрување:

1 коло: слободни

2 коло: Вардар – Вардар (2)  1:1  ( пенали 3:0)

Сигурно го чекоревме патот до големото финале, немавме некои поголеми проблеми во елиминациските мечеви, а финалето беше вистинско уживање, дуел со пресврти, на кој на крајот Вардар се покажа како подобар.

60928617_10214440830956768_8376559762036228096_n

Завршен турнир:

1/8 финале: Вардар – Дарданет  4:1

1/4 финале: Вардар – Кул  6:2

2137

1/2 финале: Вардар – Топ Тим  5:0

ФИНАЛЕ: Вардар – Албарса  3:2

Андреј Данстак беше прогласен за најдобар голман, додека Алтин Алији за најдобар стрелец на завршниот турнир.

5112 5213

643 1157

Варрдар (2) одигра солидна сезона, подобро во есенскиот дел кога имавме само еден пораз, додека во пролетниот дел имавме неколку порази во серија. Најдобриот меч на оваа екипа можеби беше против „братскиот“ Вардар (1), дуел на кој се беше можно, а лесно можеше да се случи Вардар (2) да биде тимот кој ќе се пласираше на завршниот турнир. Имавме вкупно 12 победи, 3 нерешени резултати и 7 порази. Постигнавме 60, додека примивме 38 голови.

vardarfans-naslovna4-660x330

Ова се сите остварени резултати на оваа екипа сезонава:

1 коло: Вардар – Форца (2)  2:1

2 коло: Вардар – Албарса (2) 2:3

3 коло: Вардар – Њу Јорк 7:1

4 коло: Вардар – Работнички (2)  11:1

5 коло: Вардар – Сарај 3:3

6 коло: Вардар – Њу Старс (2)  4:3

7 коло: Вардар – Еуроспорт 2:1

8 коло: Вардар – Скупи  2:1

9 коло: Вардар – Драчево  1:1

10 коло: Вардар – Њу Старс (4) 5:1

11 коло: Вардар – Работнички (2)  3:4

12 коло: Вардар – Форца (2)  1:3

249

13 коло: Вардар – Албарса (2)  2:1

14 коло: Вардар – Драчево  2:1

15 коло: Вардар – Њу Јорк  1:2

16 коло: Вардар – Сарај  2:3

17 коло: Вардар – Њу Старс (4)  0:5

18 коло: Вардар – Скупи  1:1

19 коло: Вардар – Њу Старс (2)  3:1

20 коло: Вардар – Еуроспорт  1:0

515

Плеј-оф разигрување:

1 коло: Вардар – Грозданоски 4:0

2 коло: Вардар – Вардар (1)  1:1  ( пенали 0:3)

Оваа генерација учествуваше на три турнири, на кои освоивме едно второ, трето и едно четврто место.

Прв во низата турнири беше оној во Скопје, „Гази Баба Куп 2018„ на кој Вардар го освои бронзениот медал. Ова се сите постигнати резултати за вардарци на овој турнир:

244-660x330

1 коло: Вардар – Сарај  2:0

2 коло: Вардар – Форца  4:1

3 коло: Вардар – Скупи  1:1

1/4 финале: Вардар – Работнички  3:1

1/2 финале: Вардар – Црвена Ѕвезда  0:6

3/4 место: Вардар – Албарса 0:0  ( 7:6 на пенали)

На турнирот во Несебар, во конкуренција на 12 екипи го освоивме четвртото место, дококу имавме малку среќа на крајот можевме да играме и во финалето. Ова се сите постигнати резултати на „Црно Море Куп„

1 коло: Вардар – Ника  5:0

2 коло: Вардар – Локомотив Софија  2:0

3 коло: Вардар – Дусх  1:0

1/2 финале: Вардар – Ботев Пловдив 0:1

3/4 место: Вардар – Атлет Киев  1:1  ( 3:4 на пенали).

Претходно младите вардариц настапија и на турнир во Боровец, „Самоков Куп“ на кој го освоија второто место. Се на се, одлична сезона за генерацијата 2006 која стана Шампион на Македонија, а во новата сезона екипата ќе биде дел од натпреварувањето во регионалната-скопска лига.