Вчера се одигра и второто коло од првата машка одбојкарска лига. По воведната рунда и победа на ОК Вардар на домашен терен, овој пат следуваше гостување и тоа во Пробиштип кај ОК Пробиштип. Нашите играчи овој меч го загубија со резултат 3:0 (25:20, 25:20, 25:16). Засега Вардарци имаат скор од една победа и еден пораз по две одиграни рунди. Следниот викенд сме домаќини во СЦ. “Форца”.