Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кисела Вода-Вардар и РК Шампион, победнички во третото коло на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2002/03
Кисела Вода-Вардар и РК Шампион, победнички во третото коло на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2002/03

Кисела Вода-Вардар и РК Шампион, победнички во третото коло на “Јуниор“ лигата, кај генер. 2002/03

Викендов продолжуваат натпреварите во ракометната “Јуниор“ лига, во рамките на треттото коло. Вчера на Кале се одиграа два натпревари во машка конкуренција, кај генерација родени 2002/03 година.

Интересен натпревар одиграа екипите на РК Илинден Вардар и Опш. Кисела Вода-Вардар. Натпреварот започна со гол за Кисела Вода, но во следните минути РК Илинден прави серија од 4:0 за на стартот да има водство од 4:1. Во најголем дел од првиот дел Илинден имаше предност која се движеше од 2-3 голови разлика. Сепак последните два гола во првиот дел им припаѓаат на Кисела Вода за израмнување на резултатот на 7:7, што беше актуелен и по првото полувреме.

Стартот на вториот дел им припаѓа на Кисела Вода-Вардар кои постигнуваат три последователни гола, за прв пат на мечот да имаат високи 7:10. Вратија Илинденци со два гола, но повторно Кисела Вода прави серија, сега од 0:4 за веќе да имаат високи 9:14. Во овој момент како да ја најавија победата и освојување на бодови. Единствено што успеа Илинден да направи е да намали на 13:15, сепак тоа беше се што сторија во овој дел од натпреварот. Во последните минути повторно Кисела Вода го засили темпото и на крајот триумфираше со резултат 14:18. Повеќе од половината погодоци за победничкиот тим беа дело на Филип Костов, кој мечот го заврши со 10 постигнати голови.

Во другиот натпревар од истава генерација РК Шампион-Вардар го совлада тимот на РК Урдаревски. Може да се каже заслужена победа за РК Шампион, кој во текот на целиот меч имаше постојано водство. Само на два пати екипата на Урдаревски го израмнуваше резултатот на 1:1 и 3:3. До крајот на првото полувреме, РК Шампион направи серија од 4:1 и на полувреме заминуваат со предност од 7:4.

Второто полувреме започна со гол на РК Шампион за највисоки четири голови предност 8:4. Тука како да се скрши резултатот и до крајот РК Шампион го зачува ова водство. Крајниот резултат гласеше 11:9.