Помладите пионери на успешен начин го завршија есенскиот дел од сезоната, откако денес на гостувањето во Тетово, беа подобри од екипата на Ренова. Ова беше последно есеснко коло во првенството на младинските фудбалски категории. Црвено-црните тримфираа на овој дуел и ги освоија трите бода. Конечниот резултат гласеше 0:2. Стрелец на двата гола беше Ибрахим Ариф.
Тренерот Сашо Јанев се одлучи за следниве 11-сетмина: Рамадани, Бојковски, Мирчевски, Димоски, Манасиевски, Апостоловски, Спировски, Илиевски, Ариф, Астарџиев, Николов.
По првото полувреме, Ренова успешно се бранеше и ја зачува својата мрежа незатресена, иако Вардар имаше неколку добри шанси да го отвори резултатот уште во овој дел од мечот. Сепак на стартот на вториот дел во 47 минута успеваме да погодиме и да дојдеме до водство од 0:1. Само десет минути подоцна точка на овој натревар со својот втор гол става Ибрахим Ариф за значајна победа на црвено-црните. Избраниците на Сашо Јанев
Во игра влегоа уште Чурлинов, Ристески, Ристовски, Хасановиќ, Асенов, Спировски, Величковски.