Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со двоен хет-трик на Никола Величковски, ФК Вардар генер. “2005“ запиша две победи на денешниот турнир од “Јуниор“ лигата кој се одигра во Виница
Со двоен хет-трик на Никола Величковски, ФК Вардар генер. “2005“ запиша две победи на денешниот турнир од “Јуниор“ лигата кој се одигра во Виница

Со двоен хет-трик на Никола Величковски, ФК Вардар генер. “2005“ запиша две победи на денешниот турнир од “Јуниор“ лигата кој се одигра во Виница

Денес во градот Виница се одигра нов турнир во фудбалската “Јуниор“ лига. На него настапи и Вардаровата генерација, родени “2005“ година. Избраниците на Игор Кралевски одиграа два натпревари и на двата забележаа убедливи победи.

На првиот натпревар за противник ја имавме екипата Плачковица, која ја совладаа со резултат 6:0. Никола Величковски постигна хет-трик, додека по еден гол им припаднаа на Филип Радевски, Ѓорѓи Дошев и Давор Лефковски. 

15032394_10210983455047297_2097980927_n

На вториот меч се сретнавме со тимот на Фудбал Старс од Кочани. Овој дуел го добивме со резултат 4:2. Повторно одлична игра на младите Вардарци и хет-трик за Никола Величковски. Еден гол беше дело на Горјан Цветков.

611

После добрите игри и максималниот број на освоени бодови во детската лига, младите надежи на Кралевски остварија две победи и во јуниор лигата, што говори за добрата форма на оваа генерација.

Покрај ова се одиграа уште два натпревари на кои беа постигнати следниве резултати:

Плачковица Радовиш – Слога Вардар Виница 4:2

Фудбал Старс Кочани – Слога Вардар Виница 3:1