Одбојкарскиот клуб Вардар победнички влезе во финалната серија од плеј-офот. Вардарци во првиот дуел со максимални 3-0 во сетови беа подобри од актуелниот првак Струмица. Овој меч го играве в гости, по што поведовме со 1-0, во плеј-офот се игра до три победи.
Во вториот натпревар црвено-црните ќе ја пречекаат Струмица на домашен терен, дуелот се игра утре, петок, со почеток во 20030 часот. Ние сме домаќини во салата “Градски парк“ – Скопје. Со евентуална победа ќе бидеме на “еден чекор“ до титулата чии бранител е токму тимот од О.К Струмица.