Тимот на Монпелје е ривал на европскиот првак, РК Вардар во полуфиналниот дуел на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Нашиот противник е лидер на табелата во домашната лига пред другите полуфиналисти во европската елита екипите на ПСЖ и Нант. Нашите ривали останаа на врвот и по вчерашниот дуел на кој победија со пресврт.
Одличниот Жерар на голот беше главен двигател во овој триумф, со резултат 33:27. Тимот на Сесон на полувремето водеше со 17:16 после првите 30 минути, потоа во вториот дел Жерар блесна, тој на мечот имаше 16 одбрани односно 46% успешност, со што ги откажа противничките ракометари. Кај нашиот иден противник прв стрелец со пет гола беше Мелвин Ричардсон, апак по четири постигнаа Каус, Трихановичиус и Порт.