Вчера кадетките на Вардар, предводени од Драгана Пецевска-Ристова гостуваа во меч од кадетската лига кај екипата на РК Велкова-5 во дуел од 12.коло . На овој натпревар тие дојдоа до нова победа со која се зацврстија на лидерската позиција во својата група. На гостувањето кај Велкова-5 дојдовме до двоцифрен триумф со резултат 43 : 14 (16 : 10).
Дуелот вчера го почнавме со наша доминација, поведовме уште на почетокот од истиот и постојано ја зголемувавме разликата. Постојанов водевме со 6-7 па таа и заминавме на пауза со резултат 16 : 10 на семфорот. Вториот дел го почнавме фуриозно за кратко отидовме на двоцифрена предност, а потоа истата ја зголемувавме постојано. На крајот победивме со дури 29 гола повеќе од противникот, односно со резултат 14 : 43. Прв стрелец кај нас со осум гола беше Сара Миновска, шест гола беа дело на Стефанија Ѓорѓиевска , а пет пати погоди Стефанија Софтовска. На голот ги имавме расположените Симона Грујовска со 14 одбрани и Јована Трајковска со 9 одбрани, тие имаа заедно фантастични 63% одбранети удари.
Вардар јуниор: Јована Трајковска ( 9 одбани, 5 контри), Ангела Гроздановска, Катарина Дамјановска 2, Ана Гонзалес, Стефанија Ѓорѓиевска 6, Јана Донева 4, Мирјана Петковска 4, Симона Грујовска ( 14 одбрани, 8 контри), Стефанија Софтовска 5, Ивана Џатевска 2, Ангела Костовиќ 1, Сара Миновска 8, Андреа Седловска 4, Ана Марија Коларовска 4, Ива Јанкочевска 2, Марија Тасевска 1