Генерацијата “2003“ на ФК Вардар не успеа да обезбеди финале во купот на Македонија, откако утрово беше поразена на домашен терен од екипата на Академија Пандев. На реванш дуелот кој се одигра на Академијата, славеа струмичани со резултат 1:2
Вардар: Стојковски, Маркоски, Трпезановски, Сељанац, Јовановски, Давидовски, Алими, Хасани, Мирков, Прелоговски, Андрески.
Во игра влегоа уште и Георг Стојановски и Никола Павлески.
По првото полувреме резултатот на овој дуел беше нерешен (1:1). Гостинската екипа прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1 и тоа многу рано уште во 8 минута од мечот. Брзо стигна израмнувањето по само 10 минути откако примивме гол, црвено-црните го израмнија резултатот на 1:1, со погодокот од белата точка на Антонио Мирков, врз кој беше направен и прекршок во противничкиот шеснатсетник. Во второто полувреме, Вардар имаше неколку шанси, но не успеа да ги искористи. Во последната минута имавме слободен удар, излезен беше и голманот Стојковски, но А.Пандев направи брза контра и успеа да постигне гол и да ги постави конечните 1:2 на овој меч.
Првиот натпревар во Струмица заврши без голови 0:0, додека на реваншот противникот успеа да не совлада. За избраниците на Петрески останува борбата за титулата во регионалната-скопска лига, до која се многу блиску да ја освојат.