Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Вардар со три екипи на младинскиот Ф4, две женски и една машка, познати ривалите
РК Вардар со три екипи на младинскиот Ф4, две женски и една машка, познати ривалите

РК Вардар со три екипи на младинскиот Ф4, две женски и една машка, познати ривалите

Дојде крај на разигрувањето во ракометната  машката и женската младинска конкуренција во земјава. По крајот на т.н регуларен дел не очекуваат завршните Ф4 турнири во двете конкуренции по кој ќе се дознае шампионот на Македонија во младинска конкуренција кај дамите и момците. Вардар има три учесници, еден машки и два женски тима на овие два турнира. Начелно завршните турнири ќе се играат на 13.мај, но за место на одигрување и точен термин ќе ве известиме дополнително.

vardar-mladinci-14493

Во машка конкуренција младинската екипа на РК Вардар обезбеди Ф4, апак младинците на Вардар Јуниор не успеаа да обезбедат завршен турнир. Момците на Чивлачки и Грчевски со доминантна игра во групата-1 дојдоа до пласман на собирот на најдобрите и до прилика да го нападнат златото. Тие одиграа одлично сезонава, беа компактен тим,  немаа ниеден пораз, забележаа 12.победи и две ремиа. Радува нивната форма во десегашниот дел од сезоната.  Покрај нив на Ф-4 од нивната група иде и вториот тим на КЛ-7 Струга. Другите два учесници на Ф4 турнирот се првиот во групата-2, Металург-2 и  второпласираниот ГРК Борец со кој ќе укрстиме во полуфиналето.

vardar-mladinki-12168

Во женска конкуренција имаше една група првите четири екипи: Металург, Вардар Јуниор, Вардар и тимот на Кичево. Двете екипи на Вардар ќе се спротивстават во полуфиналето од фајналфорот од младинското првенство во женска конкуренција. Вардар Јуниор предводен од Драгана Пецевска-Ристова влегува како второпласирана на табелата, а ЖРК Вардар е третопласиран тим кој го водат Анжела Платон и Александра Кузмановска. Согласно пропозициите на РФМ, втората и третата екипа на табелата се борат за место во финалето.  За жал само една од двете екипи ќе има шанси за злато поради меѓусебниот дуел, двата колетива одиграа одлично во лигата беа доминантни во поголем дел од натпреварите и обезбедија Ф4. Во другото полуфинале првопласиораниот Металург ќе игра со екипата Кичево на која заврши четврта по регуларниот дел.