Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > КУП: “Јалова“ победа за пом.пионери на Вардар во 1/2фин. реванш кај Работнички
КУП: “Јалова“ победа за пом.пионери на Вардар во 1/2фин. реванш кај Работнички

КУП: “Јалова“ победа за пом.пионери на Вардар во 1/2фин. реванш кај Работнички

Помладите пионери на Вардар денес во рамки на реваш дуелот од  полуфиналето од купот на Македонија во фубал гостуваа на ФК Работнички. Нашите момци дојдоа до “јалова“ победа со 0-1. На нас ни требаше победа со два гола предност за финале.

Вардарци дуелот го почнаа со соледните момци: Величковски, Петејчук, Салиу, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Стојановски, Речица, Омерагиќ, Андоновски, Игнатов, Гугуљанов.

Во игра влегоа уште Илиевски, Туша, Ѓурковски и Костовски.

Ние на овој дуел однесовме негатива од еден гол по првиот натпревар на наш терен кога бевме совладани со 1-2. За пласман во финалето ни беа потребни два гола во мрежата на црвено-белите. Првиот дел заврши без да се затресат мрежите на Герасимовски Душан и нашиот Величковски Матеј. Двата тима имаа обиди, но со почетните 0-0 се окончаа првиот период.

Вториот период донесе наша офанзива со цел да постигнеме погодок за отварање на резултатот за да може подоцна да го “бараме“ вториот погодок кој ќе донесе пласман. Иако напаѓавме постојано погодивме дури во 80.минута за 0-1.  Омерагиќ Азер беше стрелец на единствениот гол за нас денес. Оваа победа се покажа како “јалова“ бидејќи нашиот ривал и покрај поразот обезбеди место во финалето.