Закажан е финалниот ден на Ф-4 турнирот во женската младинска одбојкарска лига, истиот ќе се одржи утре, недела 30.мај. На завршицата пехар ќе брка нашиот ЖОК Вардар ЕМ, во исти ден ќе се одиграат полуфиналните и финалните натпревари по кој ќе се дознае шампионот во младинската конкуренција. Ова се саатниците за полуфиналето и за дуелите за медали:
- Вардар ЕМ-Пелистер 11:00 часот
-ОК ЈВ Кисела Вода- ОК Фит Фан Волеј 12:00 часот
-Дуел за „бронза“ 14:00 часот
-Финале младинки 15:00 часот
Вардар покрај учество на Ф-4 завршниот турнир во младинска конкуренција има екипа пласирана на завршницата и кај кадетките. Нивниот ден за одигрување е 5.јуни, за повеќе детали ќе ве известиме пред почетокот на истиот.