РК Вардар 1961 е многу блиску до освојување на Шампионската титула, а за тоа да се случи ќе треба да ги добие и останатите два натпревари до крајот на сезоната во домашното првенство.
Во рамките на претпоследното 13.коло, црвено-црните ќе играат во гости кај скопскиот ривал, екипата на РК Пролет 62. Натпреварот е во Скопје е закажан да се одигра во сабота (29.мај) со почеток 19:00 часот.
Вардар го доби првиот натпревар одигран во Јане Сандански со резултат 30:24.