Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Одморот во пол ек за вардарци, есенските-вице прваци со подготовките стартуваат во јануари
Куглање! Одморот во пол ек за вардарци, есенските-вице прваци со подготовките стартуваат во јануари

Куглање! Одморот во пол ек за вардарци, есенските-вице прваци со подготовките стартуваат во јануари

Зад нас се петте кола од есенскиот дел во Македонската кугларска лига, веќе е одигран првиот од трите круга оваа сезона, следните два се предвидени од јануари до кога трае паузата во МКЛ.  Во моментот момците одмараат од активности, но наскоро ги очекуваат подготовки за пролетниот дел. Начелно се очекува во втората половина на јануари по завршувањето на празничните денови да се одпочне со подготовка за подолгиот есенски дел од МКЛ, но и целиот тек на Купот на Р.М.

Вардарци успеаа во она што го зацртаа летово, со видно ослабениот ростер да го повторат ланскиот резултат, да бидат втори зад богатиот тим на шампионот во МКЛ, екипата на КК Макпетрол. По пет одиграни кога освен еден пораз од шампионот во сите други дуели однесовме победа, па со четири победи и со вкупно 8 бода сме второпласирани пред паузата. Пред другите тимови кои имаа амбиции да бидат втори сме со предност од шест бода. Вардар нареди победи со КК ГТЦ, КК Империал Тобако ТКС, КК 18 Август и последно со битолска КК Хераклеа покажувајќи и дека вака ослабнат е доволно силен да биде вице-првак на земјава. На пролет не очекуваат нови десет кола, сепак ние сме најблиску до “сребрената“ позиција во оваа конкуренција.