Според “Македонски спорт”, во идните неколку денови Вардар би требало да добие нов лев бек. Станува збор за младиот играч од Србија, Немања Вучиќ. Вучиќ игра на левата бековска позиција и треба да биде замената за Демири кој си заминува од тимот на Вардар.
Вучиќ има 21 година и во овој момент настапува за тимот на Земун каде сезонава настапи на 18 натпревари и постигна три погодоци. Се работи за доста млад играч кој е вистински борец. Покрај брзината, неговата добра страна во игра е борбеноста и агресивноста, докажува и податокот дека оваа полусезона во Србија добил дури седум жолти картони на 18 натпревари.
Вучиќ на последните три натпревари постигнал два гола и добил еден црвен картон.