Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Свечено отворен турнирот “Илинден-2017“ во организација на вардаровата школа РК Илинден Вардар
(ФОТО) Свечено отворен турнирот “Илинден-2017“ во организација на вардаровата школа РК Илинден Вардар

(ФОТО) Свечено отворен турнирот “Илинден-2017“ во организација на вардаровата школа РК Илинден Вардар

Денес во салата “Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден беше отворен  новогодишниот турнир кој го организира една од вардаровите ракометни школи која е дел од Академијата на РК Вардар, школата РК Илинден Вардар. На турнирот учесниците се екипи кој се дел од Академијата на РК Вардар и се натпреваруваат во Јуниор Лигата со исклучок на една екипа.

j1 j2

Главни “виновници“ за овој прв турнир кој се надеваме ќе биде и традиционален во иднина се брачниот пар Јаневи, Дарко и Александра кои се тренери во нивната ракометна вардарова школа, РК Илинден Вардар. Со многу труд и залагање тие успеаа да организираат ваков успешен проект за првпат.   Ова е еден нов чекор, нов и позитивен за оваа регионална школа која постојано вади таленти кои се регрутирани во младите екипи на РК и ЖРК Вардар.

j4 j5

На турнирот учество  земаа седум ракометни школи, кои  се натпреваруваат во три различни возрасни категории и тоа родени 2004/05, 2006/07 и најмалите кои ќе се натпреваруваат во мини ракомет, генерација родени 2008 и помали дечиња. Покрај домаќинот РК Илинден – Вардар, учество ќе земат и Балтепе-Вардар (Тетово), Карпош-Вардар ( Куманово), Бисинов-Вардар ( Велес), РК Аеродром, РК Шампион-Вардар и РК Урдаревски-Вардар од Скопје, сите тимови освен Аеродром се дел од Јуниор лигата и Академијата на РК Вардар.

j7 j8

Свеченоста на турниорот кој  беше под покровителство на Општината Илинден и градоначалникот Жика Стојановски ја отвори неговиот преставник, г-н Дејан Богдановски. Тој со “пригодна реч“ се обрати на учесниците, организаторите и публиката по што го прогласи “Ракометниот новогодишен турнир, Илинден-2017“ за отворен. На присутните се обрати и Дарко Јанев, тренер во РК Илиненде и идејниот творец на овој турнир. Тој искажа задоволство од она што е постигнато на организациски план за овој прв турнир, и посака јавно истиот да мине во традиционален во иднина.

j9 j10 j12

 Браво за вардаровата школа,  РК Илинеден Вардар за еден вака добро организиран ракометен турнир.