Убава вест ни пристигна минатиот викенд, две млади екипи на Женскиот одбојкарски тим „Вардар ЕМ„ обезбедија завршен Ф-4 турнир, станува збор за женската кадетска и младинска екипа на црвено-црните. Co истите ќе атакуваме на два шампионски пехара.
Следниот викенд ќе се играат двата завршни турнира (Ф-4), кај кадетките ривал ни е тимот на Пелистер, во другиот пар на завршницата се тимовите на ОК Јанта Волеј Форца и ОК Наковски Волеј. За потсетување ние во 1/4-финалната битка со високи 3-0 го совладавме тимот на Мастер Волеј.
Кај младинките имаме идентичен ривал и тука битолските зелено-бели девојки ќе се соочат со младинките на ЖОК Вардар ЕМ. До пласман во полуфиналето го минавме ОК Јанта Волеј Форца со резултат 3-1. Во другиот пар на Ф-4 кој исто така е закажан за престојниот викед ќе се сретнат екипите на Фит Фан и ОК Јанта Волеј КВ.
Редакцијата на Вардарфанс им посакаува успех на девојките на ЖОК Вардар ЕМ во завршниците и да не израдуваат со пехар и златни медали.