Tuesday ,12 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски влегува во пеколен ритам во сабота одново на 5.000м
Завировски влегува во пеколен ритам во сабота одново на 5.000м

Завировски влегува во пеколен ритам во сабота одново на 5.000м

 Атлетичарот на атлетскиот клуб „Вардар“, младиот  Петре Завировски кој представува симбол за лојалност и љубов кон клубот, ќе ги брани клубските бои на сите фронтови и во ниту еден момент не размислува за промена на клубот.

Црвено-црното момче периодов е комплетно посветен на настапите на стадионските трки на атлетска патека давајки им предност пред трките на пат. Неговата определба е јасна во текот на летната сезона да има што е можно повеќе настапи на атлетската патека како подготовка за есенскиот поход на полумаратонската односно маратонската делница.

Викендов на арената „Филип Втори Македонски“ во организација на атлетската федерација на Македонија ќе се оддржи националното првенство за младинци. Но федерацијата дозволува настап на сениори надвор од конкуренција. Па така нашиот атлетичар иако е сениор ќе ја искористи можноста и одново ќе има свој настап на трката на 5.000 метри. неговата форма е одлична како во најдобрите денови. Со сигурност свој настап ќе имаат други атлетичари кои се сениори што представува додатен мотив и одлична можност за постигнување на добри резултати.

Вардарецот трча одлично во континуитет сезонава. Па така стартуваше уште во февруари со одлични 17-53 на 5км на АРМ трката, на Мето кросот 4км 14-15 минути потоа на националното првенство на 10.000 метри одлични 37-00. Својата најдобра трка сезонава ја имаше на 3.000 метри со 9-47. Во финалните трки од купот на Македонија постави времиња од 37-25 на 10.000м и 18-13 на 5.000м.