Екипата на ППД Загреб ќе биде противникот на Вардар во рамките на 1/4 финалето од СЕХА-лигата. После високата победа на Загреб во дуелот со Металопластика, стана јасно дека хрватскиот шампион ќе заврши на првото место во групата, што носи двомеч против Вардар во четврт-финалето.
Секако за да дојде до овој дуел, Вардар најпрво во осмина-финалето треба да го елиминира тимот на Металопластика, натпревари на кои црвено-црните се големи фаворити. Вардар реши да започне од осмина-финалето, односно да го избегне Веспрем во 1/4 финалето кој ќе се соочи со тимот на Нексе.
Прв пат на еден завршен турнир во СЕХА-Лигата ќе се случи да биде без Загреб или Вардар, со оглед дека двете екипи ќе се сретнат во 1/4 финалето кое на програмата е во месец август.
Дуелите од 1/8 финалето против Металопластика ќе се одиграат на 7 и 8 јуни во С.Ц. Јане Сандански.