Денес со почеток од 19:00 часот, РК Вардар ќе го одигра натпреварот од 12.коло во рамките на плеј-офот од Супер лигата. Момците на Алушовски ќе гостуваат кај екипата на Струга.
Натпреварот се очекува да биде само полесен тренинг за црвено-црните кои не смеат да имаат проблеми околу освојување на бодовите. Вардар го доби првиот натпревар одигран во Скопје со резултат 36:22 против тимот кој се наоѓа на последното место на табелата.
На натпреварот кој ќе се одигра во спортската сала „Нико Нестор“ судии ќе бидат Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола.